Мени

Обука за користење компјутери за средношколци Роми во Метаморфозис

obuka1.jpgНа 3 април 2006 година во просториите на Фондацијата Метаморфозис започна обука за средношколци Роми. Ќе бидат обучени 19 посетители за користење компјутери. Посетителите ќе ги научат основите на електронска обработка на податоци и употреба на оперативниот систем Windows XP, основните апликации од канцеларискиот пакет MS Office, односно Word, Excel и PowerPoint, како и основите на интернет.

Обуката се одржува во рамките на Програмата за образование на Ромите на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.