Обуката се одржа во Кавадарци, а траеше 3 работни дена. Првиот ден опфати напредно уредување содржини на веб на платформата Joomla, новинарски стандарди и правила за уредување на текстови, авторски права и слободните лиценци Криејтив комонс и нивната практична примена во дигитален контекст, обработка на фотографии со софтверот Gimp и брза обработка фотографии со Picassa.

Вториот ден започна со снимање аудиовести и нивна обработка со употреба на софтверот Audacity, а продолжи со креирање видеосодржини и обработка на видео материјал со помош на Windows movie maker.

Последниот ден се работеше на темата мултимедија на веб вклучително креирање слајд шоу од фотографии со помош на сервисот за фотографии Flickr, објавување на аудио содржни на веб со Sound Cloud, изработка на слајдкасти (презентации + аудио подлога) со Slideshare, објавување и обработка на видео содржини на веб со Youtube, како и титлување на видео содржини со Dotsub.

За крај, учесниците се запознаа со начините за промоција на содржини преку социјални медиуми Фејсбук и Твитер, техниките за интеракција со онлајн-публиката и привлекување нова. Во овој дел опфатен беше и Инстаграм, и неговите примени во сферата на онлајн новинарството.

Со оваа обука бројката на обучени новинари достигна 56, а Метаморфозис и понатаму продолжува со имплементација на овие обуки.

Сподели: