Мени

Одржана работилница за DigiTales во просториите на Метаморфозис

Во работилницата земаа учество 8 членови на Меѓаши, кои изработуваа кратки видеа за некоја своја лична приказна. Видеата ќе бидат наскоро објавени на интернет и за нив ќе се изработи ДВД. Секое од видеата има јасна порака и претставува лична приказна на неговиот креатор.

Работилница за DigiTales

DigiTales (Дигитални приказни) се однесуваат на медиумот кој се користи за да се пренесе приказната. Дигиталните приказни едноставно се приказни кои се креирани и распространети со помош на дигиталните медиуми. Тие се вистинско, преживеано искуство на нејзиниот креатор – напишано, раскажано и илустрирано од лицето кое ја доживеало приказната. Повеќе за дигиталните приказни може да прочитате следејќи го овој линк .