Мени

Одржана Седмата меѓународна конференција е-Општество.Мк 2011

e-Society11На конференцијата учествуваа околу 200 учесници од земјата и странство, претставници на релевантните владини тела, како и претставници на граѓанскиот и деловниот сектор. Излагања имаа 12 домашни и 5 странски претставници во рамките на 4 работни сесии, при што после секоја следуваше активна дискусија.

Вториот ден од конференцијата беа организирани две паралелни работилници на тема „Зелена канцеларија“ и „Креативна реупотреба на е-отпад“.

e-Society 2011На работилницата за „зелена“ канцеларија посетителите имаа можност да слушнат за тоа како може да ги оптимизираат секојдневните процеси во нивната бизнис околина со цел да имаат минимално влијание врз животната средина.

Од друга страна на работилницата за креативна реупотреба на е-отпад, учесниците имаа можност да креираат сами нови предмети од веќе нефункционални електронски уреди.

Повеќе информации, како и презентациите, на говорниците се објавени на официјалниот веб-сајт на конференцијата. Во меѓувреме, дел од атмосферата на конференцијата можете да почувствувате преку фотографиите поставени на фликр, како и од пораките кои во живо масовно се испраќаа преку твитер