Во периодот 15-17ти октомври, 2014 година, во Хотел „Аурора“ – Берово беше одржана обука на тема „Проектен менаџмент според правилата на ЕУ“ за грантистите од проектот „Акциска мрежа за добро владеење“.
На тридневната обука Александар Колекески од МЦЕТ зборуваше за повеќе прашања по темата, а учесниците имаа можност директно да го применат пренесеното преку практични вежби. Првиот ден учесниците се запознаа со правилата на Европска унија за проектен менаџмент, додека вториот ден тие имаа шанса да дознаат повеќе за кои се индикатори за успешни проекти, ризици и претпоставки. Последниот ден од обуката учесниците имаа прилика самите да работат на развивање на проектни концепти кои подоцна беа евалуирани.
Оваа обука е втора од циклусот превидени обуки кои ќе се одржат во наредниот период, во склоп на проектот „Акциска мрежа за добро владеење“, кој се спроведува од Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со МЦЕТ и Реактор, а со финансиска помош од Европската комисија преку програмата IPA CIVIL SOCIETY FACILITY (CSF) 2012-2013.
Сподели: