Од 12ти до 16ти ноември 2014 година, во просториите на Хотел Сириус, Струмица се одржа тридневна обука за застапување, а веднаш после таа и обуката за слободен пристап до информации и антикорупциски практики кои га проследија грантистите од проектот „Акциска мрежа за добро владеење“.

DSC_0908

На првата од обуките на учесниците им беа претставени повеќе аспекти од застапувањето, додека последните два дена, на втората обука, грантистите имаа прилика да слушнат нешто повеќе околу слободниот пристап до информации, како алатка за поголема транспарентност и антикорупциските практики. Во текот на петте дена учесниците покрај пренесениот теоретски дел, имаа шанса да учествуваат и во практична примена на наученото преку извршување на задачи и вежби.DSC_0860

Овие обуки се од циклусот превидени обуки кои ќе се одржат во наредниот период, во рамки на проектот „Акциска мрежа за добро владеење“, кој се спроведува од Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со МЦЕТ и Реактор, а со финансиска помош од Европската комисија преку програмата IPA CIVIL SOCIETY FACILITY (CSF) 2012-2013.

Сподели: