Тридневната работилница беше наменета за претставници од дигитални клубови во регионот, кои методологијата за дигитално раскажување приказни ќе ја применуваат во својата работа во иднина.

Првиот ден учесниците се запознаваа со концептот на дигитално раскажување приказни, следеа примери и дискутираа за методологијата, што резултираше со креирање на нивните лични приказни во пишана форма. Вториот и третиот ден работата беше претежно техничка – снимање и обработка на приказните во аудио формат, наоѓање и обработка на слики и фотографии и целосна монтажа на видео материјалот.

За аудио обработка се користеше слободниот софтвер Audacity, фотографиите и сликите беа селектирани од веб-сајтот Creative Commons и потоа обработувани во временски ограничена верзија од Photoshop Elements. Таа беше избрана заради добриот кориснички интерфејс, мноштвото опции кои се едноставни за користење, како и за да им се овозможи на учесниците да се запознаат со софтвер кој претходно не го користеле во својата работа. Видеата ги обработуваа во Windows Movie Maker. За обуката се пријавија 10 учесници од кои 9 ја проследија првиот ден, додека 6 аниматори кои зедоа учество, успешно ги завршија своите дигитални приказни. Сите приказни се на француски јазик, но ќе следува превод на македонски и англиски. На тој начин, тие ќе можат да досегнат до поголема публика.

Обуката ја спроведоа Ирина Шумадиева и Елена Игнатова на англиски јазик, додека преводот на француски беше обезбеден од еден од учесниците.


Дополнување: Транскрипцијата и преводот на дигиталните приказни на македонски јазик се достапни овде.