На 13,14 и 17 февруари оваа година беше одржана втората по ред обука на тема „Фото-активизам“, насочена кон подобрување на вештините на: новинарите, блогерите и активистите. Обуката се одржи во просториите на ГЕМ клубот во Скопје и на истата присуствуваа 10 учесници.
Во текот на трите дена на обуката, учесниците имаа шанса да се запознаат и да научат нешто повеќе за почетоците и историјата на фото-активизмот, неговото значење во минатото и денес, како и општествените промени предизвикани токму од овие фотографии.
Со цел поуспешно посветување на фото-активизмот, на учесниците им беше пренесено знаење од техничкиот дел на фотографија, совети за подобра композиција во создавањето на фотографии, како и вештини за користење на програми за напредна обработка за фотографија.
Обуката заврши со спроведувањето на една практична задача од страна на учесниците, односно фотографирање на однапред зададени теми со цел практична примена на веќе изученото. Подолу се наведени неколку од фотографиите направени за време на обуката, кои самите учесници ги избраа за најдобри.
Сподели: