Фондацијата Метаморфозис објавува отворен повик за пријавување на учесници на тродневна  обука за фото-активизам. Учесниците на обуката ќе имаат можност да се стекнат со технички вештини за фотографирање, како и со начините за напредна обработка на фотографија.

Обуката е отворена за новинари, граѓански активисти и блогери.

camera

Бројот на учесници е ограничен на 10 и изборот ќе биде според принципот „прв дојден – прв услужен“. Доколку има голем интерес, Метаморфозис ќе организира уште една обука, во друг термин.

Деталната агенда на обуката може да ја преземете од следниот линк.

Обуката ќе се одржува во ГЕМ клубот на 12ти, 13ти и 16ти декември 2013 година, а истата ќе биде водена од страна на искусни познавачи на полето. Учеството е бесплатно и секој од учесниците ќе може практично да ги примени теоретските знаења пренесени во текот на обуката, преку исполнување на зададени вежби и примери.

За дополнителни информации и прашања обратете се до Дона Џамбаска, на dona@metamorphosis.org.mk или телефон: 02 3109 325 и 070 956 534

Рокот за пријавување е 10.12.2013. (Пријавувањето е завршено).

 

Сподели: