Презентациите опфаќаа запознавање со законските обврски во однос на заштитата на лични податоци преку претставување на ресурсите развиени во рамки на проектот Иницијатива за приватност на Интернет (Online Privacy Initiative – OPI)  „Заложба за заштита на приватноста“ и Водичот „Како до политика за приватност“.

Презентациите беа одржани во просториите на Јес инкубаторот во нас. Аеродром во Скопје на  27 септември 2011 г., со 12 учесници и на 5 декември 2011 г., со 9 учесници. Две презентации од овој тип веќе беа одржани во мај и јули, кога учествуваа 39 учесници.

Во дискусиите по презентациите, учесниците, кои опфаќаа претставници на етаблирани фирми кои се занимаваат со трговија вон Интернет и сакаат да започнат да работат и во оваа област, како и млади претприемачи на кои отворањето е-продавница им е прв бизнис,  изразија интерес за законските обврски и предвидените казни, како и пошироката област на приватност, особено шпијунирањето од страна на корпорациите.