Во текот на месец мај 2014 тимот на Метаморфозис одржа серија од три обуки во соработка со Хелсиншкиот комитет на Република Македонија, на кои учествуваа 15 активисти, членови и поддржувачи на ЛГБТ заедницата.
Место на одржување на обуките беше ЛГБТИ центарот за поддршка во Скопје, со цел јакнење на капацитетите на активистите за примена на нивното право на слобода на говор за застапување на човековите права на оваа маргинализирана група. Преку презентации, дискусии и практични вежби, учесниците имаа можност да се запознаат со следните теми:
13 мај: Вовед во онлајн активизам преку создавање е-содржини и фотоактивизам.
27 мај: Методи на промоција преку социјални медиуми: Твитер и Фејсбук.
20 мај: Мултимедија – основи на аудио и видео продукција и монтажа.
Учесниците на обуката изразија задоволство од усвоените знаења, особено заради потребата до јавноста да допрат повеќе вистински приказни како средство против напорите за дехуманизирање на членовите на ЛГБТИ заедницата. Како дел од активностите тие беа вклучени и во напорите за борба против говор на омраза и во поширок контекст, со вклучување во онлајн заедницата која функционира околу веб-сајтот nemrazi.mk.
Сподели: