Прeдавањето опфати запознавање со законските обврски во однос на заштитата на лични податоци преку претставување на ресурсите развиени во рамки на проектот Иницијатива за приватност на Интернет (Online Privacy Initiative – OPI)  „Заложба за заштита на приватноста“ и Водичот „Како до политика за приватност“.

Во дискусиите по предавањето студентите изразија интерес за законските обврски. Се констатираше на пр. дека политиките на приватност се бараат од банките во Македонија, како предуслов за отворање е-продавница (иако политиките на приватност не се законска обврска).

Ова предавање се надоврзува на серијата презентации одржани во 2011 г. чија цел е зголемување на свеста за заштита на приватноста на корисниците на интернет кај припадниците на клучни целни групи, во кои спаѓаа презентациите за владини функционери и службеници (1, 2) и четири презентации за претприемачи (3, 4).

Водич: „Како до политики за приватност?“

Сподели: