Потенцијалните кандидати/кандидатки треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Универзитетска диплома од областа на информатичките технологии
- Професионално искуство со системи за раководење со содржини (особено Joomla и WordPress)
- Одлично познавање на PHP, MySQL
- Напредно познавање на HTML, CSS, JavaScript
- Одлично познавање на англискиот јазик
- Способност за тимска работа
Опис на работните задачи:
- дизајн и развој на најразлични видови веб апликации (XHTML/CSS, PHP, JavaScript, MySQL)
- имплементација на напредни Content Management системи
- осмислување на нови креативни решенија за веб сервиси
- ажурирање и оптимизација на постоечките кодови и функционалности
- тестирање, имплементација, подготовка на проектна документација
Потребна документација:
- Писмо за мотивација
- Работна биографија (CV)
- Препораки од претходни работодавци и професори
Метаморфозис нуди динамична и атрактивна работа со можност за непрекинато професионално напредување, работа на локални и меѓународни проекти и пријатна работна средина.
Краен рок за поднесување: 10.04.2013 во 16 часот. Пријавите треба да се испратат исклучиво по е-пошта на адресата contact[at]metamorphosis.org.mk.
За дополнителни информации може да се обратите до Елена Игнатова, проектен координатор, на elena[at]metamorphosis.org.mk или на телефон 02/3109-325.
Сподели: