Ист Вест Менаџмент Институтот во Скопје има потреба од хонорарен ИТ менаџер за да намести и одржува мала канцелариска компјутерска мрежа. Мрежата вклучува фајл сервер, печатач/скенер и други слични уреди и околу 10 компјутери. Задачите вклучуваат местење и конфигурација на целата опрема, месечен мониторинг на мрежната опрема и бекап на серверите, местење на нова опрема по потреба и обезбедување поддршка за корисниците на компјутерите и решавање на проблемите на денот на настанувањето.

ИТ менаџерот ќе му рапортира на офис менаџерот и ќе работи со директорот за операции и со ИТ консултант од седиштето на компанијата во Њујорк.

Приближно денови по месец (не вклучувајќи го и првичното местење): 1 – 3 дена.

Рок за пријавување: 12 декември 2016. Заинтересираните кандидати може да ги пратат своите биографии на ozlatkova-kocareva@ewmi.org.

Сподели: