Основни информации
Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ преку своjата програма „Општествена отчетност“ се залага за зајакнување на улогата на граѓанскиот сектор во зголемувањето на транспарентноста и отчетноста на државните институции, локалната самоуправа и приватниот сектор. Активностите што „Метаморфозис“ ги реализира во рамките на оваа програми имаат цел да креираат средина во која гласот на граѓаните ќе биде влијателен и ќе придонесува за решавањето на проблемите, обезбедувањето информации и алатки за начинот на барање отчетност и за подобрувањето на односот и довербата на граѓаните кон институциите.
Во рамки на програмата Општествена отчетност, Фондацијата „Метаморфозис“ ќе ангажира раководител на проект.
Одговорности на раководителот/раководителката
- Да ја координира поддршката што „Метаморфозис“ ќе им ја нуди на државните институции на централно и локално ниво (општините) за отворање на нивните податоци.
- Да ги координира активностите за кревање на свеста на граѓаните и локалните граѓански организации за правото на слободен и лесен пристап до податоци и информации.
- Да ги надгледува и поддржува активностите на локалните партнери за застапување за поголема отвореност на општините.
- Да ги организира консултациите за креирање на акцискиот план за Отворено владино партнерство меѓу Владата и граѓанскиот сектор (и пошироко).
- Да го следи спроведувањето на акцискиот план за Отворено владино партнерство.
- Да соработува со колегите во „Метаморфозис“ за целокупно успешно спроведување на проектите и програмските активности.
Раководителот/раководителката ќе одговара директно пред менаџерот на програмата за општествена отчетност.
Потребни услови и лични вештини
- Завршено високо образование;
- Познавање на концептот на отворени податоци (open data);
- Практични ИТ-вештини релевантни за примена на концептот на отворени податоци;
- Способност да го промовира концептот на отворени податоци на ниво на локални политики и пред јавноста;
- Познавање на иницијативата за Отворено владино партнерство (Open Government Partnership);
- Вештини за целосно организирање настани од голем обем;
- Навремено комуницирање со голем број партнери/странки;
- Комуникациски вештини;
- Аналитички способности и подготвеност за учење;
- Позитивен однос и способност за работење со почитување строги рокови;
- Високо ниво на познавање и примена на македонскиот јазик (усно и писмено);
- Високо ниво на познавање и примена на англискиот јазик (усно и писмено);
- Спремност за службени патувања во земјата и/или странство.
Вид ангажман
Раководителот/раководителката ќе биде вработен/а на определено време од 2 години и со можност за продолжување на договорот.
Услови за пријавување
Заинтересираните кандидати/тки што ги исполнуваат горенаведените услови треба да испратат работна биографија (CV) и кусо писмо за интерес. Пријавите треба да бидат пратени по е-пошта на konkurs@metamorphosis.org.mk до 23.02.2020 година.
Само кандидатите што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју.
Фондацијата „Метаморфозис“ нуди еднакви можности за сите заинтересирани и не дискриминира по ниту една основа при вработувањето.
Сподели: