Основни информации
Фондацијата Метаморфозис е независна организација која дејствува во Македонија и пошироко во Европа. Тимот на Метаморфозис е составен од активисти посветени на демократијата, обединети со заедничка кауза и вредности на меѓусебна одговорност, отворена комуникација, како и непоколеблива посветеност на универзалните човекови права и демократија.
Фондацијата ја зајакнува свесноста и капацитетот на граѓаните и граѓанското општество за тие да ја преземат најдобрата можна улога како активисти за демократија, поддржувајќи ја власта да ја исполни нејзината демократска улога- да работи во служба на општеството. Програмата на Метаморфозис се фокусира на: медиуми за демократија, општествена одговорност, едукација за иновации и човекови права на интернет.
Фондацијата ги поддржува застапниците на овие суштински елементи за демократско и инклузивно општество и се залага за оваа цел како клучен партнер заедно со властите и граѓаните
Одговорности на Специјалистот за мониторинг и евалуација
- Да биде вклучен во тимот на Метаморфозис кој раководи со Проектот на УСАИД за граѓанско учество
- Да работи на континуиран развој на методологијата и алатките за следење на индикаторите за успех на Метаморфозис;
- Да изготвува извештаи и анализи за спроведувањето на Стратегијата на Метаморфозис, а согласно следењето на исполнетоста на индикаторите за успех;
- Да предлага начини за надградување на активностите, начините и алатките за реализација на програмските и стратешките цели вклучувајќи го тука и Акцискиот план на Стратегијата на Метаморфозис;
- Да дава конкретни препораки и предлози за подобрување на постоечките програмски активности како и дефинирање на нови активности
- Предност ќе имаат кандидатите/ките кои имаат искуство со работење на проекти финансирани од страна на Европската унија и УСАИД.
Специјалистот за мониторинг и евалуација ќе го поддржува процесот на исполнување на визијата, мисијата и вредностите на Метаморфозис. Тој/таа има клучна улога во јакнењето на институционалниот капацитет на Метаморфозис.
Специјалистот за мониторинг и евалуација ќе биде одговорен директно пред Директорот на програми во Фондацијата Метаморфозис.
Потребни услови и лични вештини
- Завршено високо образование;
- Најмалку 5 години работно искуство со развој на планови за следење и евалуација во програми за развој;
- Работно искуство во проекти со вклучени различни засегнати страни (институции на локално и национално ниво, академија, бизнис сектор, граѓански организации и слично);
- Аналитички способности и подготвеност за учење;
- Позитивен однос и способност за работење со почитување строги рокови;
- Работа во тим;
- Високо ниво на познавање и примена на македонскиот јазик (усно и пишано);
- Високо ниво на познавање и примена на англискиот јазик (усно и пишано);
- Спремност за службени патувања во земјата и странство.
Вид на ангажман
Специјалистот за мониторинг и евалуација ќе биде вработен на определено време од една година со можност за продолжување.
Услови за пријавување
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови треба да испратат работна биографија (CV) и кусо писмо за интерес. Пријавите треба да бидат пратени по е-пошта на konkurs@metamorphosis.org.mk до 03.10.2019 година.
Фондацијата Метаморфозис верува дека преку истакнување на посветеноста кон родовата еднаквост се зголемува делотворноста на проектите до максималното ниво, се јакне организацијата, се подобруваат програмските ресурси и координацијата со внатрешните и надворешните партнери. Во Метаморфозис се грижиме за целосна усогласеност со националните закони и политики поврзани со родот и трудот, родова еднаквост во пристапот до можности за обуки, образование, учество во процесот на носење одлуки и придонесите од жените и од мажите да бидат видливи и вреднувани.
Сподели: