На 6 март 2024 година, во Скопје, се одржа третата обука за влијанието на новите технологии врз остварување на дигиталните права за претставници на граѓанските организации, особено оние што работат со маргинализирани групи. Првите две обуки се одржаа на 12 февруари и 23 февруари 2024 година. Преку овие обуки вкупно 50 активисти од граѓанскиот сектор беа збогатени со знаење за влијанието на новите технологии врз остварување на дигиталните права.

Целта на обуките беше да им се овозможи на претставниците на граѓанските организации да го унапредат своето знаење за влијанието на новите технологии врз човековите права на интернет и да ги зајакнат своите компетенции при споделувањето на своите грижи со носителите на одлуки, како и да ги едуцираат своите целни групи за потенцијалните ризици за нивните човекови права онлајн наметнати од новите технологии.

Потсетуваме дека Фондацијата Метаморфозис создава коалиција за одговорна вештачка интелигенција. Градењето на капацитетите на граѓанските организации, особено оние што работат со маргинализирани групи, е само еден чекор кон градење на коалиција од чинители кои се грижат за одговорно користење на вештачката интелигенција.

Активностите се дел од проектот „Заштита на човековите права во ера на вештачка интелигенција“ што го спроведува Фондација за интернет и општество – Метаморфозис, со финансиска поддршка од Американска адвокатска комора – Иницијатива за владеење на правото (ABA ROLI – American Bar Association – Rule of Law Initiative).

 

Сподели: