Фондација Метаморфозис продолжува со обуките за влијанието на новите технологии врз остварување на дигиталните права. На 23 февруари 2024 во просториите на Јавна соба се одржа втората обука од ваков тип, а следната е на 6 март 2024.
Овие обуки се наменети за претставници на граѓанските организации како прв чекор за подигање на свеста кај пошироката јавност. Овој пат нашиот фокус е на оние организации кои што работат со маргинализирани групи, кои се особено ранливи при нарушувањето на човековите права.
Целта на обуката е
- да им овозможи на претставниците на граѓанските организации да дознаат повеќе за влијанието на новите технологии, односно како тие влијаат врз човековите права на интернет,
- да ги зајакнат своите компетенции при споделувањето на своите грижи со носителите на одлуки,
- да ги едуцираат своите целни групи за потенцијалните ризици за нивните човекови права онлајн, наметнати од новите технологии.
Фондацијата Метаморфозис создава коалиција за одговорна вештачка интелигенција. Градењето на капацитетите на граѓанските организации, особено оние што работат со маргинализирани групи, е само еден чекор кон градење на коалиција од чинители кои се грижат за одговорно користење на вештачката интелигенција.
Активностите се дел од проектот „Заштита на човековите права во ера на вештачка интелигенција“ што го спроведува Фондација за интернет и општество – Метаморфозис, со финансиска поддршка од Американска адвокатска комора – Иницијатива за владеење на правото (ABA ROLI – American Bar Association – Rule of Law Initiative).
Сподели: