Како да постигнете ефект во вашата работа преку позитивен наратив и storytelling

Ве покануваме да бидете дел од Образовната програма заснована на проект, на тема „ Како да постигнете ефект во вашата работа преку позитивен наратив и storytellingкоја ќе се одржи од 10 до 18 декември, 2020 година. Како дел од програмата предвидени се 4 сесии во следните датуми: 10, 14, 16 и 18 декември, од 10.00ч до 11.30ч.

За време на програмата учесниците ќе имаат можност да дознаат колку се моќни дезинформациите и пропагандата, како ги поларизираат општествата и зошто е важно да се создадат алтернативни, позитивни наративи за градење на отпорни маргинализирани заедници.

Исто така учесниците:

  • ќе можат да разликуваат и дефинираат специфични целни групи како важен дел од создавањето на влијателна кампања;
  • ќе ја разберат важноста за дефинирање на нивните клучни наративи и
  • ќе ја разберат вредноста на storytelling-от и неговата ефикасност.

За време на вебинарот, учесниците ќе бидат охрабрени да дизајнираат свои реални кампањи базирани на позитивни наративи. Најдобрата идеја ќе добие средства за имплементација.

Програмата ќе ја води Горан Ризаов кој е наградуван новинар со повеќе од 12 години искуство во новинарството. Во моментов тој ја води програмата Медиуми за демократија на Фондацијата Метаморфозис во Скопје, Северна Македонија. Како дел од неговата работа, тој дизајнира и води практични обуки за медиумска писменост, социјални медиуми за застапување и визуелизација на податоци за новинари. Тој беше дел од програмата Година на професионален развој, при што студираше новинарство базирано на податоци и онлајн медиуми на Факултетот за новинарство и масовни комуникации „Волтер Кронкајт“ при Државниот Универзитет на Аризона во Феникс.

Напомена: Работен јазик на програмата е англиски и може да учествуваат заинтересирани од Северна Македонија и Косово.

За информации врзани со програмата следете го линкот

За аплицирање следете го линкот.

Сподели: