За да се подобри информираноста на граѓаните со точни, проверени и веродостојни информации на теми кои се од интерес и важност за секојдневниот живот на граѓаните, Фондацијата Метаморфозис ја започна отворената Вибер група „ Де факто: само проверени содржини“ наменета за граѓаните. Преку оваа Вибер платформа ќе се објавуваат проверени информации за состојбите со Ковид-19, животна средина, попис, интеграции и се’ она што е актуелно во секојдневието на граѓаните.
Со еден клик до линкот https://bit.ly/3hJqq7R секој ќе може да добие информации за теми во кои за одредени прашања ќе бидат консултирани и експерти од соодветните области, со цел да се избегнат дезинформации и медиумски манипулации на јавноста.

Сподели: