Фондацијата „Метаморфозис“ има чест и задоволство да Ве покани на презентација и дебата за извештајот поврзан со следење на процесот на евроинтеграции – Реформи во јавната администрација .
Дебатата „Администрирањето со администрацијата, клучен предуслов за реформите“ ќе се одржи на 11 мај во 11:30 часот, онлајн на платформата Зум. За учество на настанот, Ве молиме регистрирајте се на следниот линк: https://forms.microsoft.com/r/NeZbNkDcSw
Говорници на настанот ќе бидат:
- Теофил Блажевски, автор на извештајот
- Мила Јосифовска Даниловска, Менаџер на програми „Општествена отчетност и човекови права онлајн“
- Д-р Драган Гоцевски, вонреден професор на Правниот факултет – Јустинијан Први при УКИМ
- М-р Јулијана Караи, виш истражувач при Институтот за европски политики
- Д-р Ирена Бојаџиевска- доцентка на Универзитет Американ колеџ и самостојна истражувачка
На следниот линк е достапен извештајот Следење на процесот на евроинтеграции Реформи во јавна администрација.
Документот е резултaт на истражување спроведено во рамките на проектот „Промовирање на отчетноста и транспарентноста на јавните реформи“, кој го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ од Скопје, со поддршка на Националната фондација за демократија од САД.
Сподели: