Промовирање на отчетноста и транспарентноста на јавните реформи

03.07.2021

Проекти

Генерална цел на проектот

Да се зголеми отчетноста на јавните службеници и да се промовира активен ангажман на информирани граѓани во Република Северна Македонија, овозможувајќи соработка со повеќе засегнати страни во процесите на демократски реформи на патот на интеграција во Европската унија (ЕУ), преку зголемено влијание на јавната политика преку проверка на факти и мониторинг (надзорно) новинарство.
Специфични цели на проектот
• Помагање на домашните и меѓународните институции во оценувањето на напредокот на приоритетните реформи поврзани со интеграцијата во ЕУ преку издавање периодични извештаи за мониторинг базирани на специфична методологија со големо влијание, која ќе вклучува конкретни препораки за подобрување;
• Зголемување на јавниот дијалог и одржување на вниманието на јавноста за состојбата на реформите со тоа што ќе бидат повикани одговорните службеници преку проверка на факти и мониторинг новинарство;
• Поттикнување на домашните институции да преземат одговорност и спроведување на реформските приоритети;
• Информирани и свесни граѓани кои бараат од владините институции да ги исполнат своите ветувања за реформи дадени на граѓаните и обврските кон ЕУ;
• Спротивставување на дезинформациите за прашања од јавен интерес преку зголемена соработка помеѓу релевантните државни институции и медиумската заедница, пр. проверувачи на факти и новинари-чувари преку воспоставување механизми за директна комуникација;
• Драстично засилување достапноста на содржини за проверка на факти и следење на состојбите преку зголемување на квалитетот и квантитетот на производство и промоција на услугата за проверка на факти „Вистиномер“ во синергија со мрежа на локални медиуми што покриваат различни региони во Република Северна Македонија.

Целни групи

• Медиумски професионалци
• Национални, регионални, локални медиуми кои информираат преку различни платформи
• Јавни институции на државно и на локално ниво
• Генералната публика/граѓаните на РСМ

Очекувани резултати

• Институциите покажуваат свесност за резултатите и препораките од мониторингот и ги користат за да ја надградат својата работа и визии.
• Медиумите, службениците, политичарите и граѓаните имаат корист од проверката на фактите и новинарството надзор, се повикуваат на резултатите од мониторингот во нивната комуникација.
• Следење на изјави и конкретни случувања во политиката и извршни дејствија насочени кон решавање на прашања што ги иницираат активистите.
• Граѓани – поединци, групи и ГО вршат јавен притисок врз клучните точки опфатени со проекот кои ќе бидат идентификувани и мерени преку активностите на социјалните медиуми и медиумското покривање.
• Воспоставениот систем за брза комуникација ќе продолжи да им служи на потребите на јавниот интерес на проверувачите на факти – медиумска заедница, институциите и сите заинтересирани граѓани

Проектни активности

• Структурирано следење на реформите во клучните приоритетни области
• Продукција на статии за проверка на факти, објаснувања и едукативни написи како дел од унифицираниот мониторинг пристап
• Развој на систем за брза комуникација помеѓу јавните службеници – новинарите – граѓаните
• Промоција на сите содржини преку медиумска мрежа, реобјавување, социјални медиуми

Времетраење на проектот: 1ви јули 2021 – 30 јуни 2022

Финансиска поддршка: National Endowment for Democracy (NED)

mediumski-item-img-1.png

Програма за дигитален активизам

Што е програмата за дигитален активизам? Ширум светот, ширењето на дезинформации е во пораст. Стратешката употреба на онлајн дезинформациите ја поткопуваат демократијата и ги поларизираат општествата. Додека начините за борба против дезинформациите во

mediumski-item-img-1.png

Новинарство за новата генерација: Програма за медиумска обука - продолжение

Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ) а со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје во периодот од септември 2022 година до крајот на

mediumski-item-img-1.png

Систем за управување со погрешни информации и дезинформации и новинарски брифинзи

Главна цел на проектот Интегрирање на Системот за управување со погрешни информации и дезинформации во работењето на државните институции, Министерството за здравство и неговите помошни институции и обезбедување поддршка на истите да го