На 23 мај 2007 во Општина Чашка во рамките на проектот дигитални клубови беа отворени два нови дигитални клуба: едниот во населбата Чашка, а другиот во селото Мелница, 10 километри западно од Чашка.
Со овие два клуба ќе раководи здружението на граѓани „Галеби“ во соработка со општината Чашка која го поддржува овој проект и Фондацијата Метаморфозис, а во нив ќе се одвиваат обуки за работа со компјутери (основни компјутерски курсеви), ќе се користи интернет, ќе се играат компјутерски игри, ќе може да се печатат или скенираат документи и фотографии, итн. За отворање на овие клубови Фондацијата Метаморфозис додели вкупно 11 компјутери, два скенера и два печатачи.
Целта на проектот дигитални клубови е премостување на дигиталниот јаз, особено помеѓу руралните и урбаните средини, преку овозможување едукација и пристап до информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) на сите жители на руралните средини во кои дотогаш не постоеле места каде населението можело да дојде во допир со ИКТ.
Сподели: