Со особена чест и задоволство ве известуваме дека победници на овогодинешниот конкурс „НајООР наставник/наставничка од основното образование за 2020 година“ се Кети Наумоска (ОУ„Кузман Јосифоски-Питу“, Кичево), Југослав Спасиќ (ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово) и Александра Блажевска (ООУ „Јан Амос Коменски“, Скопје).

Им честитаме на победниците, како и на сите кои се пријавија за учество во конкурсот – вашите трудови неизмерно придонесоа кон збогатување на квалитетот на образованието на многу ученици. Најголемите, и единствените вистински победници од оваа иницијатива се токму тие – учениците, кои ве имаат вас, посветените наставнички и наставници како едукатори и воспитувачи, кои на иновативни начини се обидувате да ги проширите нивните знаења и видици.

Табела 1. Детални бодови на најдобрите 10 пријави – кликнете на табелата за поголем приказ

Ви го честитаме и Меѓународниот ден на децата, 20 ноември, и ве повикуваме да останете во контакт со активностите поврзани со отворените образовни ресурси на Фондацијата Метаморфозис (и преку нашата Facebook страница), и активностите кои следуваат.

Проектот Отворени образовни ресурси и конкурсот „НајООР наставник/наставничка од основното образование за 2020 година“ се финансирани од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Сподели: