Настани за млади во повеќе од 500 градови ширум Европа

Почетокот е утре: Млади лица во 22 европски земји можат да одберат од 1,100 настани за програмирање при Meet and Code кои што ќе се одржат во времетраење од две седмици почнувајќи од 6 октомври. Настаните се наменети за деца и млади од 8 до 24 години. Учеството е бесплатно.

Бројот на настани е зголемен приближно двојно
Meet and Code 2018, исто како минатогодишната иницијатива, ќе се случува како дел од Европската недела за кодирање – годинава од 6 до 21 октомври. Во 2017 започнавме со 15 земји и само една година подоцна стигнавме до 22. Бројот на настани и градови се зголеми за околу 80 проценти и достигна бројка од 1,100 настани и 513 градови. Meet and Code 2018 ќе се одржи во: Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка Република, Франција, Германија, Унгарија, Ирска, Италија, Казахстан, Македонија, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Швајцарија, Украина, Обединето Кралство.

Meet and Code сака да покаже како да го креирате светот и колку програмирањето може да биде забавно. Настаните во Македонија се поддржани со грантови во висина од 300 евра. Иницијативата особено поддржува мали, локални непрофитни организации во сите земји. Значи поддржува „грасрут“ иницијативи кои ги носат програмирањето и дигиталното образование поблиску до сите – што всушност е и декларираната цел на Европската недела на кодирање.

Голем избор: Од курсеви за почетници до роботика

Од едноставно до сложено, од почетник до напреден, програмирање и фудбал – настаните при Meet and Code 2018 се толку многу различни. Младите лица може да учествуваат во курсеви кои ги објаснуваат основните компјутерски функции или како да се користи „Ворд“. Но може и да се регистрираат за работилници за програмирање, роботика или дизајн.

Сите настани при Meet and Code 2018 може да ги погледнете овде: https://www.meet-and-code.org

Кој стои зад Meet and Code?
Meet and Code се организира од страна на Haus des Stiftens gGmbH со ИТ порталот Stifter-helfen и соодветните партнери во земјите членови на мрежата TechSoup Europe. Meet and Code е овозможен од SAP.

Сподели: