Фондацијата Метаморфозис ја спроведува програмата на TechSoup за донации на софтвер од 2014 година, поддржувајќи ги граѓанските организации во Северна Македонија, Косово и Албанија.
Програмата нуди широк спектар на софтверски производи за непрофитни организации и јавни библиотеки, од кои се бара единствено да плаќаат административна такса. Овие донации се достапни за организации со статус на непрофитна организација според прописите за земјите (Северна Македонија, Албанија и Косово).
До јуни 2019 година, програмата се спроведуваше во рамките на платформата TechSoup Balkans, а веќе од јули секоја земја (Северна Македонија, Албанија и Косово) има своја платформа. Метаморфозис управува со платформите на овие три земји.
Во периодот од 2017 до 2020 година, вкупно 150 организации од овие три земји беа поддржани со лиценциран софтвер, а обработени се над 210 нарачки, во износ од 41.600 евра.
За повеќе информации во врска со програмата Techsoup во секоја земја, посетете ги следниве веб-страници:
https://www.techsoupnorthmacedonia.org/mk
https://www.techsoupalbania.org/al
https://www.techsoupkosovo.org/al