Од 27 до 31 јануари, 2020 година претставници од Фондација Метаморфозис заедно со организации /партнерите на Techsoup Europe: Fundacja TechSoup (FTS) – Полска, NIOK Foundation – Унгарија, Workshop for Civic Initiatives Foundation WCIF – Бугарија и Fundraising Verband Austria –Австрија, беа дел од првата обука на програмата Еразмус+ мобилност во рамките на проект „Зајакнување на граѓанското општество преку обука и едукација“. Домаќин на тренингот беше STGM Civil Society Development Centre од Анкара, Турција.
Еразмус+ обуките за мобилност е заеднички проект на неколку мрежни партнери и има за цел да ги развие капацитетите и компетенциите на персоналот на мрежата на TSE, да ги зголеми постоечките ресурси за обука, да изгради рамка за внатрешна образовна програма за TSE и да промовира соработка во рамките на мрежните партнери. Првата обука за градење ефективна комуникација се одржа во јануари 2020 година во Анкара.
Градење на ефективни комуникациски стратегии
Овој пат обуката беше фокусирана на градење на ефективни комуникациски стратегии и градење на практични вештини со цел создавање на атрактивни содржини за конкретни целни групи. Работилницата беше базирана на практиките од Academy of Good Communication кои на некој начин се испробаа помеѓу партнерите и да се сподели помеѓу партнерите кои се дел од TechSoup Europe education program.
Главни цели на тренингот беа:
• Учесниците да научат како да ја планираат комуникацијата со цел да развијат силна позиција и бренд на организацијата.
• Да се направи значаен чекор кон креирање план за комуникација за организацијата.
• Запознавање со алатките, програмите и апликациите корисни за креирање атрактивни графички материјали како и подобрување на ефикасноста на организацијата во областа на социјалните медиуми.
Вмрежување и споделување најдобри практики
Учесниците на обуката не само што добија нови вештини и знаења за разбирање на важноста на дигиталниот маркетинг во различни аспекти на функционирањето на граѓанските организации, исто така работеа и на потребите на нивната публика и се сретнаа со алатки за создавање атрактивни содржини.
Проектите за мобилност се имплементиран од непрофитна организација Фондација Метаморфозис, Információs és Oktató Központ (NIOK), Workshop for Civic Initiatives Foundation WCIF, Solidatech, и FVA, и се (ко-)финансирани од Еразмус+ програмата на Европската унија.
Фондацијата TechSoup имплементираше проект за дигитални и тренинг вештини за социјалниот сектор финансиран од Европските фондови.
Сподели: