Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „Евротинк – Центар за европски стратегии“ се обраќаат до заинтересираните локални граѓански организации и медиуми со покана за учество на информативни сесии во врска со Програмата за мали грантови во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, поддржан од Европската Унија.

Конкурсот за мали грантови е дел од вториот циклус на Програмата за мали грантови е објавен на 1 јуни, а ќе биде отворен до 15 јули 2019 година.

Во рамките на вториот циклус планирано е да бидат доделени десет (10) грантови со износ од 6.000 до 7.000 евра, со кои ќе се поддржат проекти наменети за секој од 8-те плански региони на Република Северна Македонија, при што во еден регион може да биде доделен и повеќе од еден грант.

Детаљни информации за проектот и Програмата за мали грантови се достапни на веб-локациите на партнерите и на веб-локацијата на проектот http://crithink.mk/

Основна цел на проектот е да промовира медиумска писменост како основа за зачувување на правото на граѓаните да имаат различни мислења, преку стимулирање култура за критичко мислење, плурализам на мислења и демократски вредности.

Специфичните цели на проектот се:

  • Да се поттикнува култура на критичко размислување преку едукација на општата јавност за штетните ефекти на медиумските манипулации врз демократијата и европските вредности.
  • Да се зголемат капацитетите на граѓанските организации и медиумите да се справуваат со медиумски манипулации (вклуќувајќи и говор на омраза) преку подобрување на медиумската писменост во содејство со државните институции.
  • Да се зголеми побарувачката од граѓаните за поголема отчетност и одговорност на медиумите преку јавно неформално образование, промоција на професионалните стандарди и меѓународните практики за заштита на слободите на мислење и изразување

Со цел да ги приближат и да ги дообјаснат Програмата за мали грантови и самиот проект до сите заинтересирани, „Метаморфозис“ и „Евротинк“ организираат информативни сесии во 10 градови од 8-те плански региони во Република Северна Македонија.

Точниот распоред на информативните сесии се во табелата:

Град Датум и час Локација на настан
Тетово 10.6.2019 г.; 11:00 ч. НВО Лоја, ул. Илинденска бр. 18А
Гостивар 10.6.2019 г.; 14:00 ч. Youth and Community Center – Gostivar, ул. Мајор Чеде Филипоски, бр. 158, Гостивар
Кичево 11.6.2019 г.; 11:00 ч. Хотел Кичево
Струга 11.6.2019 г.; 15:00 ч. Хотел Дрим
Битола 12.6.2019 г.; 11:00 ч. Младински културен центар, Битола, ул. Цар Самуил бр. 29
Велес 12.6.2019 г.; 15:00 ч. НВО центар, ул. Трајче Панов бр. 22
Куманово 13.6.2019 г.; 11:00 ч. Општина Куманово
Штип 17.6.2019 г.; 11:00 ч. Хотел Оаза
Струмица 17.6.2019 г.; 14:00 ч. Центар на заедниците
Гевгелија 18.6.2019 г.; 11:00 ч. Дом на културата, ул. 7ми Ноември бб, Гевгелија
Скопје 19.6.2019 г.; 11:00 ч. Граѓански ресурсен центар, бул. Св. Кирил и Методиј, бр. 50 (во близина на ЕУ Инфоцентар)

Информации за одделните информативни сесии се достапни и во вид на најави за настани на Фејсбук.

Сподели: