Главните теми кои ќе ги опфаќа конференцијата се:

  • Регулација на Интернетот
  • Интернетот како алатка за демократија
  • Демократската криза во ЕУ

Конференцијата ќе опфаќа различни форми на презентации, од теоретски предавања до работилници и дебати, а работниот јазик е англиски.

Трошоците за сместување и превоз за учество на конференцијата се покриени од страна на Метаморфозис. Бројот на учесници е ограничен на 5 (пет).

Конференцијата е дел од интернационален проект, кој ги обединува граѓаните активни во младинските организации и невладините организации активни на интернет од различни европски земји за да дискутираат за авторските права, пиратеријата и приватноста на интернет, како и можностите кои ги нуди Интернетот како алатка за демократија, политички активизам и протести.

Сите заинтересирани учесници се молат да ја пополнат комплетната апликација и да ја испратат до: elena@metamorphosis.org.mk најдоцна до 24 февруари, 2013 година.

Сподели: