Во најновата епизода на Сајбер разговори, Женевскиот центар за безбедносно управување – DCAF разговара со гости експерти за актуелните родови предизвици во сајбер просторот. Во оваа епизода, насловена како Замолчување на женските гласови, гостуваат Дарвин Муриќ од Центарот за демократска транзиција во Црна Гора и Мила Јосифовска Даниловска од Фондацијата Метаморфозис од Северна Македонија. Нивната дискусија разоткрива како онлајн таргетирањето може да ги доведе жените и девојките до самоцензурирање, дури и влијателните личности како политичарки, новинарки и активистки.

Оваа епизода е произведена по објавувањето на публикацијата Онлајн активност, штета во живо: Студии на случај за родот и сајбер безбедноста во Северна Македонија и Западен Балкан, на која ко-автори се Центар за демократска транзиција од Црна Гора и Фондација Метаморфозис од Северна Македонија.

Послушајте го целиот подкаст на англиски јазик: https://bit.pulse.ly/g6esskkw7k

Сподели: