Бараме новинар/ка со доволно ентузијазам и упорност кој/а сака, преку својата работа да даде свежа перспектива на настаните и случувањата во Македонија и да експериментира со нови начини на презентација на содржини на интернет.
Пожелно е кандидатите да имаат искуство во новинарството, но тоа не е одлучувачки фактор. Поважно е да изнаоѓаат нови иновативни начини на обработка и презентација на темите, да сакаат да научат новинарство базирано на податоци и подготовка и продукција на визуелизации на податоци и да користат нови начини на вклучување на публиката.
Новинарот/ката ќе се приклучи на тимот на новинари во новинската агенција „Мета.мк“ на определено време со можност за продолжување на договорот.
Кандидатите треба да испратат CV и кратко мотивациско писмо во електронска форма на konkurs@meta.mk најдоцна до 15.03.2019.
Сподели: