Обуки
Повик за учество на обуки „Борба против говор на омраза на Интернет“
04.12.2013
Фондацијата Метаморфозис објавува отворен повик за пријавување на учесници на обуки за борба против говор на омраза на Интернет. Учесниците на обуките ќе имаат можност да се стекнат со знаења за препознавање на говорот на омраза, технички вештини за спротивставување на таа појава, како и вештини за презентација и пренесување знаења.
Обуките се отворени за сите граѓани на РМ заинтересирани стекнатите знаења и вештини да ги применуваат и шират/споделуваат во своите заедници, работни организации и здруженија.
Особено добредојдени се блогери и редовни корисници на социјалните медиуми Фејсбук и Твитер, граѓански активисти, наставници и новинари – но и сите други луѓе заинтересирани за унапредување на слободата на изразување на интернет.
Предуслов: Основни познавања за Интернет и користење барем една социјална мрежа.
Распоредот на обуките ќе биде утврден во зависност од бројот и географската распределба на заинтересираните учесници. Учеството е бесплатно и секој од учесниците ќе може практично да ги примени теоретските знаења пренесени во текот на обуката, преку вежби и примери.
За дополнителни информации и прашања обратете се до Дона Џамбаска, на dona@metamorphosis.org.mk или телефон: 02 3109 325 и 070 956 534
Рокот за пријавување е 16.12.2013 (Пријавувањето е завршено).