Обуките ќе се состојат од два циклуса. Првиот ќе вклучува серија обуки за користење на нови медиуми и развивање на критичко мислење, а вториот ќе опфати обука за дигитално раскажување приказни.

Кандидатите за учество можат да изберат еден од следните термини за првиот циклус обуки: 23-26 март и 13-16 април во Скопје (за учесници од Скопје и околните општини), 27-30 април надвор од Скопје (за учесници од други градови). Овој циклус ќе трае по 4 дена за секоја група учесници.

snd_post

Преглед на темите кои ќе бидат опфатени со обуката:

  • Вовед во лобирање и застапување преку користење на нови медиуми
  • Пишување за на веб
  • Критичко мислење за аргументирано пишување
  • Блогирање, користење на блог платформи, уредување на блогови
  • Користење и ажурирање на вики сајтови
  • Користење на социјални медиуми за градење  на заедници и промоција на содржини
  • Користење на агрегатори на е-содржини

logo_quadri_webВтората обука ќе се одржи во хотел Десарет во Охрид, и ќе биде со времетраење од 4 дена за секоја група учесници. Пријавените кандидати можат да изберат еден од трите понудени термини: 17-20 мај, 21-24 мај, 25-28 мај. Оваа обука ќе се реализира во рамките на Проектот за децентрализирана соработка меѓу регионот Долна Нормандија и Македонија, во синергија со претходно извршените обуки во рамки на проектот Социјални медиуми за демократија.

Што ќе се очекува од учесниците?

Обуките ќе опфатат вкупно 60 учесници од целата земја кои може да се членови на НВО или индивидуални активисти. По завршувањето на обуките, учесниците ќе бидат оспособени за користење на новите медиуми и софтвер за мултимедија, по што ќе се очекува овие знаења да ги користат за редовно придонесување со содржини на некој од тематските блогови кои ќе се креираат во рамките на проектот.

Критериуми за учество:

  1. Пријавените кандидати треба да имаат:
    • основно познавање за работа со компјутер, користење на интернет и имејл
    • желба за создавање на содржини и нивно споделување на интернет
    • интерес и мотивираност за застапување на некоја казуа за поттикнување на прогресивни промени во општеството, на локално и на национално ниво
  2. Учесниците ќе се избираат од целата територија на Македонија, при што ќе се води сметка за етничката и половата застапеност.
  3. Избраните учесници мора задолжително да присуствуваат на двата циклуса обуки, во избраните термини (вкупно 8 дена).

Периодот за пријавување за учеств на обуките е завршен.

Сподели: