Во рамките на проектот е предвидена изработка на следните изданија

  • Брошура за лобирање и застапување
  • Водич за раководење со е-отпад
  • постери
  • флаери
  • налепници
  • маици

Повеќе информации за проектот може да најдете на http://is.gd/cOMTq.

Од подизведувачот се очекува да го најави интересот за учество и до 28 јуни 2010 година во 17 часот по е-пошта да поднесе

  • понуда за дизајн до ниво на подготовка за печатење на горенаведените изданија со вкупна сума без ДДВ, заедно со
  • скица за лого (една или повеќе варијанти).

Изгледот на логото и избраната шема на бои која ќе се применува во сите понатамошни изданија треба да ја одразува содржината на проектот (со следење на насоките за видливост на ЕУ). Критериуми за избор на најповолен понудувач се финасиските услови и изгледот на предложените графички решенија.

Обем и карактеристики на печатените изданија

  • Сите изданија ќе бидат создадени на 6 јазици, преводот во целост ќе биде доставен од страна на нарачателот.
  • Постерот и флаерот ќе содржат најосновни информации за проектот и неговиот веб
  • Налепниците треба да го содржат зборот „Recycle me“.
  • Брошурата за лобирање и застапување ќе има среден или мал формат, со вкупен обем до околу 10 страници
  • Водич за раководење со е-отпад ќе има среден или мал формат, со вкупен обем од околу 10 страници

Печатењето на изданијата ќе биде нарачано преку дополнителна посебна постапка.

Тимот на Метаморфозис е на располагање за дополнителни консултации со потенцијалните понудувачи во врска со проектот. Кандидатите се поканети да го најават својот интерес за учество на повикот и пред испраќањето на конечната понуда.

Лице за контакт:
Елена Игнатова
е-пошта: elena@metamorphosis.org.mk
телефон: 02/3109 325 или 075 495 307

Сподели: