Фондација Метаморфозис во соработка со DCAF – Geneva Centre for Security Sector Governance спроведува истражување посветено на говорот на омраза на интернет. Целта на истражувањето е да се открие улогата на родот во случаи на говор на омраза на интернет и да се идентификува евентуално несовпаѓање во третманот кој го добиваат мажите и жените од страна на институциите и јавноста кога се јавуваат како цел на говорот на омраза.

Доколку сакате да обезбедите придонес кон истражувањето, ве молиме да го пополните овој Прашалник за граѓани за нивното искуство со говорот на омраза преку интернет (google.com). Прашалникот е анонимен, неговото пополнување нема да ви одземе повеќе од 5 минути, а вашите одговори можат многу да ни помогнат.Ве замолуваме вашиот придонес кон истражувањето да го дадете заклучно со 31.10.2022.
Однапред Ви благодариме за вашиот придонес.
Photo by Jon Tyson on Unsplash

Сподели: