Фокус на предавањето кое го одржа програмскиот координатор во Метаморфозис Филип Стојановски, беше заштитата на лични податоци во Македонија во текот на 2009 и првата половина на 2010 година. При тоа беа претставени резултатите на редовниот мониторинг на Метаморфозис на таа тема, меѓу кои и соодветниот нацрт-извештај објавен во јуни.

Низ дискусија со студентите за прашања за приватност поврзани со нивното користење на мобилни телефони и интернет беа претставени и низа публикации наменети за подобро информирање на јавноста достапни во форма на е-книги: двете изданија за Законот за заштита на лични податоци и Правилникот произлезен од него на ДЗЛП и ФИООМ, како и стрипот „Под надзор“ издаден од ЕДРИ.

Со цел да се запознаат студентите со начинот на функционирање на НВО кои се занимаваат со застапување за поголема заштита на приватноста, беше претставен примерот на широката граѓанска активност против неуставните измени на Законот за електронски комуникации.

Предавањето беше одржано како дел од активностите за подигање на јавната свест во во рамките на проектот Иницијатива за приватност на интернет (ОПИ).