На 25-ти и 26-ти јуни во Сараево, Босна и Херцеговина, се одржа 12-тo издание на ПОИНТ конференцијата, збирно место на практичари и експерти од сферата на дигитализација, нови технологии, отчетност и транспарентност, на Балканот.

Како дел од Програмата за дигитален активизам, учесниците на Фондација Метаморфозис, беа дел од дводневната конференција и активно учествуваа во бројни дискусии, панел претставувања и работилници.

Првиот ден од конференцијата го одбележаа бројни актуелни теми, при што се истакна дискусијата за растечкиот тренд на донесување на таканаречените закони за странски агенти. Овој тренд покрена многу јавни прашања за слободата на говорот и несигурните ситуации во кои овие недемократски практики ги ставаат граѓанските организации. Присутните дознаа повеќе за оваа тема од говорници од Грузија, Белорусија, Египет и Босна и Херцеговина.

Вториот ден од конференцијата, се фокусираше на борбата против дезинформациите, каде присутните можеа да научат повеќе од говорниците за дезинформативните наративи кои поттикнуваат евроскептицизам во Западен Балкан, како и онлајн измамите и измамите во регионот. Овие дискусии беа придружени со бројни работилници и споделување на добри практики и искуства.

 

Сподели: