eiflВо периодот од 23 до 31.10.2006 г. на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржаа презентации на базите на научни трудови и електронски ресурси достапни преку фондацијата „Електронски информации за библиотеки – eIFL“ . Презентациите се организираа во рамките на проектот Креативна настава и учење на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија , финансиски поддржан од страна на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). На презентациите исто така стана збор и за „Македонски електронски библиотеки – МЕБ“.

Презентациите ги водеа г. Миодраг Дадасовиќ од Националната и универзитетска библиотека – Скопје и г-а Јорданка Петрушевска од Фондацијата „Метаморфозис“, Скопје.

Презентациите се одржаа на Филозофскиот факултет, Природно-математичкиот како и на трите педагошки факултети во земјава, во Скопје, Штип и Битола. На презентациите присуствуваа и претставници на останатите факултети и библиотеките во состав на овие факултети. Главна цел на презентациите беше да се овозможи што е можно поголем пристап до еIFL базите, пристап кој е бесплатен за библиотеки (универзитетски, истражувачки, градски, народни итн.), а претплатата до овие бази е овозможена од страна на фондацијата Институт Отворено Општество Македонија. Придобивката на овие институции е од огромно значење како за самите корисници на библиотеките (студенти, професори и други лица кои се занимаваат со научно-истражувачка работа) така и за самата држава.

На презентациите исто така се разговараше и за иницијативата за отворен пристап (Open access).

Сподели: