Најдобрите шестмина учесници од трите работилници ќе имаат можност за едномесечно платено практикантство во еден од медиумите на Фондацијата Метаморфозис, односно Мета.мк, Порталб или Вистиномер. Дополнително, тројцата најдобри практиканти ќе заминат на една неделна студиска посета во САД со Меѓународниот центар за новинари (ICFJ) во Вашингтон

Фото: Мета.мк

Сите млади студенти, новинари, членови на граѓанскиот сектор, активисти или ентузијасти ги повикуваме да аплицираат на обуката поврзана со „прибанкинг“ (prebunking) односно разни превентивни стратегии за спречување на ширење на дезинформации.

Ова е последната од трите обуки во рамки на програмата „Новинарство за новата генерација“. Најдобрите шестмина учесници од трите работилници ќе имаат можност за едномесечно платено практикантство во еден од медиумите на Фондацијата Метаморфозис, односно Мета.мк, Порталб или Вистиномер. Дополнително, тројцата најдобри практиканти ќе заминат на една неделна студиска посета во САД со Меѓународниот центар за новинари (ICFJ) во Вашингтон.

Обуката за „прибанкинг“ (prebunking) ќе се одржи од 15 до 17 мај во Охрид и ќе биде на англиски јазик, а сите заинтересирани можат да се пријават на следниот линк.

Обучувачи на обуката ќе бидат Селест Сепеси од САД, доцент на Факултетот за новинарство и масовна комуникација Волтер Кронкајт, Владимир Петревски, уредник на „Вистиномер“ и Деспина Ковачевска, медиа мониторинг специјалист во Фондација Метаморфозис.

Селест Сепеси предава курсеви за пишување и известување и дигитална медиумска писменост. Таа е магистер по стратегија за дигитална публика на Државниот универзитет во Аризона. Дипломирала новинарство и италијански јазик, исто така на Државниот универзитет во Аризона.

Настанот е дел од проектот „Новинарство за новата генерација“ кој Фондацијата Метаморфозис го спроведува во партнерство со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ), а со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, во периодот од септември 2023 година до јули 2024.

Сподели: