oer_ppНа работилницата за отвореност на образованието се зборуваше за искуствата и практиките со отворениот пристап, актуелните трендови во областа на отворените образовни ресурси, достапните алатки на македонски и албански јазик. Учесниците беа претежно студенти на техничкиот факултет од универзитетот во Приштина и претставници на Слободен софтвер Косово. Воедно, беа претставени изданијата на Метаморфозис во оваа област, кои се делеа и на самиот настан.

Вториот ден беше одржана и презентација за приватноста на интернет,privacy-ppкоја опфати практични примери на нејзино нарушување, идентификување на потребите за познавање на своите права и обврски кога станува збор за нашата приватност онлајн и конкретни насоки кои притоа може да се преземат. Со презентацијата се опфатија модерните сервиси за социјално вмрежување, политиките за приватност, како и опасностите за безбедноста на децата, појавата на сајбернасилството и препораките кои им се упатуваат на возрасните за ова да биде спречено.

Беа промовирани водичот за заштита на приватноста на Фејсбук, водичот за креирање политики за приватност, сите материјали за заштита на приватноста и безбедноста на децата на интернет, а беа најавени и материјалите во подготовка, кои набрзо ќе излезат како печатени и електронски изданија.

Сподели: