Изработката на овие филмчиња е во соработка со Детскиот Театарски Центар и претставува продолжување на иницијативата на Фондацијата Метаморфозис за подигање на свеста кај децата, како и обезбедување информации и знаење за нивните права во врска со употребата на интернетот.

 

По промоцијата, филмовите во погодна варијанта ќе бидат објавени на веб-сајтот „Безбедно на Интернет“ и ќе им бидат на располагање на електронските медиуми кои ќе сакаат да ги емитуваат како дел од нивните програми.

Проекцијата ќе се одржи во просториите на Детскиот Театарски Центар кој се наоѓа во Старата чаршија. Настанот е отворен за пошироката јавност и сите заинтересирани посетители.

Сподели: