Извор: ФООМ

На 10.06.2019 во просториите на Владата на Република Северна Македонија, се одржа првиот состанок на работната група за изготвување на Стратегија за транспарентност на кој беа поканети организации кои дејствуваат во ова поле и можат да ја понудат својата експертиза меѓу кои беа и Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис и Фондацијата Отворено општество – Македонија, како водечки организации низ целиот процес заедно со Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски.

Воведни обраќања имаа Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, директорот за партнерства и развој на ресурси на Фондација за интернет и општество Метаморфозис Филип Стојановски, извршната директорка на Фондација Отворено општество – Македонија Фани Каранфилова-Пановска, и меѓународната експертка за транспарентност Вероника Крету, по што следеше презентација на работниот план и кратка дискусија.

Филип Стојановски, истакна дека според резултатите од Регионалниот индекс за отвореност за Северна Македонија (opennessindex.actionsee.org – дел од регионален проект на Фондација Метаморфозис поддржан од ЕУ) постојат многу значителни разлики помеѓу институциите во врска со нивната отвореност и транспарентност што се должи на фактот дека примената на добрите практики за транспарентност најчесто зависи од добрата волја и посветеноста на министрите како и другите раководни лица. Поради тоа, како што истакна Стојановски, се јавува потребата за системски пристап за изнаоѓање на решение кое нема само да се фокусира на идентификување и реплицирање на добрите практики, туку и на целосниот процес и можностите кои ги има Република Северна Македонија.

 

Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, Фондацијата Отворено општество – Македонија и Министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност во Владата на Република Северна Македонија, Роберт Поповски, потпишаа Меморандум за соработка со кој ќе се обезбеди поддршка за креирање и имплементација на Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија.

Сподели: