Политиките на отвореност и транспарентност бараат реформски влади и гласни застапници на највисоките државни и општествени позиции.

Ова беше соопштено на конференцијата „Важноста на почитување на правото на слободен пристап до информации за отвореноста на државната администрација“ организирана од ЦДТ по повод Меѓународниот ден на слободен пристап до информации, со поддршка на Националната фондација за демократија (НЕД).

Истражувачката и претставничката на организацијата „Партнери за демократски промени на Србија“ Кристина Калајџиќ изјави дека во Србија не постојат стратешки документи кои ја регулираат политиката на отвореност на јавната администрација.

„Србија презеде различни обврски во рамките на европските интеграции. Тенденцијата е сите овие обврски формално да се исполнат, евентуално да се донесат некои закони и стратегии, но нема подобрување во имплементацијата“, изјави Калајџиќ.

Таа рече дека од клучно значење е да се промени свеста на државните службеници, како и дека е неопходно да се вклучат проактивни поединци.

„Во Србија најголем притисок сега доаѓа од организациите на граѓанскиот сектор. Сега тој глас се слуша многу повеќе од порано. Мислам дека сме многу подобро поврзани меѓу себе и дека сме поврзани со меѓународни организации кои треба да имаат влијание врз одлучувачите“, изјави Калајџиќ.

Како што најави Калајџиќ, во наредниот период потребно е вклучување на граѓаните и создавање активна заедница.

„За нас е мала трошка надеж што добивме нов парламент кој е повеќепартиски, што не беше случај со претходниот, а сега имаме поголеми очекувања. Очекуваме во наредниот период многу повеќе да се занимаваат со тоа каква е улогата на парламентот“, рече Калајџиќ.

Истражувачката на здружението на граѓани „Зошто да не? Амина Измирлиќ Ќатовиќ најави дека во Босна и Херцеговина нема политика на отвореност и одговорност.

Имаме голем јаз во отвореноста меѓу различните институции, не можеме да кажеме дека се применува политика на отвореност“, рече Измирлиќ Ќатовиќ.

Таа рече дека е неопходна поволна политичка клима за воспоставување отчетност и отвореност на институциите.

„Ситуацијата во Босна и Херцеговина во претходниот мандат беше сложена. Наидовме на опструкции како и на блокади од страна на законодавната и извршната власт. За некои промени и градење одговорност и отвореност би ни била потребна поволна политичка клима, а следните избори се потенцијална шанса. За тоа е потребна политичка волја и подготовка, да се почне со изработка на прописи кои се јасни и разбирливи и кои првенствено ќе се применуваат“, рече Измирлиќ Ќатовиќ.

Мила Јосифовска Даниловска, програмската менаџерка на Фондацијата Метаморфозис од Северна Македонија, истакна дека еден од основните предуслови за остварување на правата на граѓаните е зголемување на довербата во институциите, односно поголема одговорност на институциите.

„Благодарение на нашите активности на овој проект, Владата одлучи преку посебна стратегија да ја регулира и промовира институционалната отвореност. За разлика од другите земји, Северна Македонија е единствената земја што ја донесе таа одлука, што е големо достигнување за нас“, објасни Јосифовска Даниловска.

Таа наведе дека Стратегијата е препознаена и од Европската комисија во својот извештај како „еден од главните столбови на реформата на јавната администрација“. Но, Јосифовска Даниловска посочува дека е евидентна стагнацијата во спроведувањето на оваа стратегија и дека половина од активностите не се исполнети.

“Наша препорака е оваа стратегија да се прошири и да се прилагоди на општествениот контекст и политичките услови“, рече Јосифовска Даниловска.

Таа се согласи дека политичката волја е важен фактор за функционална јавна администрација, а исто така е важно да се препознаат добрите практики од претходните функционери ии државни службеници и нивното спроведување во иднина.

Линк до оргиналниот текст: Politke otvorenosti se moraju glasno zagovarati » CDT (cdtmn.org)

Сподели: