Rabotilnica_1_100_0187_00

На работилницата присуствуваа претставници од општина Кратово, локалното комунално претпријатие од општина Кратово, државниот инспектор за животна средина за северо-источниот регион, образовните институции, НВО секторот од Кратово, Крива Паланка и Пробиштип и други.

rabotilnica_1_100_0190

На работилницата беа изнесени информациите за состојбата со е-отпадот во општина Кратово и регионот, по што се дебатираше за моменталната состојба со е-отпадот во регионот и се донесоа заклучоци за понатамошно спроведување на стратегијата за решавање на проблемите со е-отпадот и негово правилно управување.

Дел од заклучоците кои беа донесени на работилницата се следниве:

  • Населението во општина Кратово и регионот, треба да биде информирано како и на кој начин ќе може да го отстрани е-отпад
  • Да се пристапи кон едукација и подигање на свеста на населението за придобивките од правилното управување со е-отпад
  • Да се информира јавноста за одредбите од Законот за управување со е-отпад
  • Соодветно придржување кон одредбите
  • Да се контактира со фирмите кои се откупувачи на е-отпадот во Р. Македонија
  • Да се информира населението во регионот дали постојат можности за поставување на пункт за откуп или складирање на е-отпад.

Сподели: