На 7 и 8 февруари 2014 година, во просториите на Младинскиот културен центар во Скопје, се одржа деветтата меѓународна конференција „е-Општество“ на тема „Млади и медиуми“.
Дводневната конференција во организација на фондацијата Метаморфозис и Младинскиот образовен форум (МОФ) опфати мноштво теми, а над 40 говорници на конференцијата ги предизвикаа традиционалните гледишта за медиумите, споделија искуства и отворија дискусија за медиумите од младинска перспектива, медиумите под водство на млади, медиумската писменост, квалитетот на информации, активизмот на дигиталните медиуми, музиката и движењата.
Конференцијата ја отворија Елена Игнатова од Метаморфозис и Моника Божиноска од МОФ, кои ги презентираа резултатите од неколкумесечното истражување за младите и медиумите во 11 земји од Југоисточна Европа.
Потоа, презентациите продолжија на теми како младите, репутацијата и приватноста на интернет, фокусирајќи се на ставовите на младите и практиките; анонимно известување за нелегални интернет содржини, како што се злоупотреба на детски фотографии и говор на омраза на интернет; борба за дигитални права на полето на приватноста, слобода на говор, владина транспарентност и ефикасност, надгледување и човекови права; оспособување на младите да ги огласат своите мислења и да овозможат критичко гледиште на медиумите и политиката преку новинарско едуцирање и учење преку пракса; зајакнување на мрежата на медиуми предводени од млади; младите како креатори и учесници во медиумската сфера; оспособување на граѓаните да читаат, пишуваат и учествуваат во јавниот живот преку медиумите; како да се менува локалната заедница преку фото активизам; како да се создава содржина според стандардите за веб; медиумите и информатичката писменост во училиштата; медиумската писменост и квалитетот на информации; создавање на привлечни приказни користејќи податоци; алатки за младите и активистите против говор на омраза.
Презентациите беа заокружени со филмските проекции на Riot from wrong и Sav Taj Folk / All That Folk.
Вториот ден продолжи со презентации за тоа како младите ги користеа новите медиуми во протестите во паркот Гези во Турција; StreetPress, простор за изразување, дебата и претставување на младите; дигитален активизам; Global Voices – гласови кои вообичаено не се слушнати во меѓународните мејнстрим медиуми; Vice – вклучено новинарство; истражувачко новинарство и соработка меѓу медиумите и граѓанското општество; младинските политики во медиумите; апликации за добра цел – овозможување на студентите да создаваат решенија на проблемите од кои се засегнати користејќи технологија; визуелизирање на податоци и анимација; хактивизам – критичен пристап кон дигиталната култура, слобода на информации и дигитални каузи; заедница, уметност, самоизразување; Криејтив комонс; како да креирате активистичко видео; визуелизирање на податоци за испраќање на помоќна порака; видео активизам…
Вториот ден заврши со проекција на филмот „Љубовно писмо до алтернативната култура“ и филмот во продукција на Балканската истражувачка репортерска мрежа (BIRN) – The Majority Starts Here. Конференцијата беше заокружена со дигиталната вечер – забава која се одржа во салата „Борис Трајковски“, а на која настапија диџеите Петар Дундов и Александар Ковалски, како и Speedy, Горан Кан, Виктор Апостолски и Lazy Kidz Vizualz. Детален извештај за конференцијата следува, а во меѓувреме може да ги погледнете галериите со слики од првиот и вториот ден, како и видеата од презентациите од првиот и вториот ден. *Фотографиите се на Ванчо Џамбаски.
Сподели: