Трибината се одржува во рамките на Меѓународната конференција „е-Општество.Мк“, која се одвива според Националната стратегија за информатичко општество, како дел од напорите за задоволување на приоритетната потреба за подигање на јавната свест и зголемување на знаењата преку излагања на интернационални и домашни експерти.
На трибината воведни излагања имаа г. Миклoш Харашти, претставник на ОБСЕ за Слобода на медиумите, Виена, г-а Сара Бротон, Раководител на Секторот за развој на медиуми при Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, г. Јан Браун, член на управниот одбор на ЕДРИ (European Digital Rights), г. Роберто Беличанец, извршен директор на Центарот за развој на медиуми и г-а Данче Даниловска, координатор на програмата за Слобода на информациите на ФИООМ. Модератор на трибината беше г. Јован Петров, член на Управниот одбор на Фондацијата Метаморфозис.
На трибината присуствуваа голем број новинари од електронските и печатените медиуми во земјата, претставници на блогерската заедница во Македонија и други заинтересирани гости.
Сподели: