Мени

Скопје: Иницијален состанок на регионалните партнери во проектот BEWMAN

BEWMAN (Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад) е партнерска акција поддржана од Службата за граѓанско општество на Генералниот директорат за проширување на ЕУ преку програмата за грантови IPA 128287.

bewman-region

Двегодишниот проект опфаќа истражувања, изградба на капацитети и создавање на мрежи во врска со електронскиот отпад на Балканот, врз основа на регулативите на ЕУ и искуствата во полињата на рециклирање на е-отпадот, повторна употреба и застапување. Врз основа на стекнатото знаење, балканските партнери ќе организираат национални мрежи од најмалку 10 невладини организации или други тела со цел подигнување на свеста и влијаење врз креирањето на политики на локално и национално ниво.

Предводник на Акцијата е фондацијата Метаморфозис од Скопје, Македонија, а партнери се:

а во проектот се вклучени и придружните членови

Освен дискусијата за активностите во рамки на проектот, административните и финансиски процедури, учесниците на настанот исто така ја посетија Делегацијата на Европската унија во Скопје, каде беа примени од г-а Ирена Иванова, раководител на програмата и г-а Сунчица Саздовска, Регионален советник за регионалниот проект TACSO – Техничка поддршка за невладини организации којашто обезбеди повеќе информации за релевантни прашања, вклучувајќи го и регионалниот контекст на програмата IPA и можности за поддршка и насоки за невладините организации кои имплементираат проекти финансирани од ЕУ во нивните земји.

Дополнителни информации: