Фондацијата „Метаморфозис“ објави серија прелиминарни извештаи за состојбите со слободата на интернет, со фокус на слободата на изразување, приватноста и безбедноста во дигиталниот свет.
Извештаите се резултат на серија јавни консултации и се изработени од група релевантни експерти во рамки на проектот „Слобода на интернет“, спроведуван во рамки на регионалниот проект „Интернет слобода во Источна Европа и Евроазија“ на Американска адвокатска комора (АБА РОЛИ).
Цел на објавувањето на извештаите е да послужат како извор на информации за состојбите за пошироката публика и дадат основа за понатамошна јавна дискусија со цел унапредување на заштитата на човековите права и онлајн и офлајн.
Извештаи од областа слобода на изразување
- Прелиминарен извештај за законските рамки поврзани со медиумите
- Прелиминарен извештај на тема правни рамки и мерки за борба против говорот на омраза
- Прелиминарен извештај за состојбите поврзани со примената на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда
- Прелиминарен извештај за состојбите поврзани со примената на Законот за авторското право и сродните права
- Прелиминарен извештај за примената на законските рамки поврзани со слободен пристап до информации од јавен карактер
Извештаи од областа приватност и безбедност
- Прелиминарен извештај за состојбите поврзани со правото на заштита на личните податоци
- Прелиминарен извештај за состојбите поврзани со примената на законските рамки поврзани со прислушување
Метаморфозис го продолжува процесот на јавни консултации и ги поканува сите засегнати чинители да дадат свој коментар на извештаите преку е-пошта (на info@metamorphosis.org.mk), преку нашите присуства на социјалните мрежи, како и преку учество во низата јавни настани за едукација кои ќе се одржат во текот на наредниот период:
- 26 април во Битола во Националната установа Универзитеска библиотека „Св.Климент Охридски“ од 11:30
- 04 мај во Скопје на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство – ФИНКИ
- 15 мај во Тетово на Универзитетот на Југоисточна Европа, амфитеатар ЛХ4 (во ректорат) од 13 часот
- 16 мај во Штип во УГД – Правен факултет, свечена сала од 12 часот
Сподели: