Од 15 до 17 мај во Охрид се одржа првата работилница за „Прибанкинг“ (prebunking) во С. Македонија, на која десетина млади учесници се запознаа со различни видови превентивни стратегии за спречување на ширење на дезинформации.
Оваа работилница беше наменета за млади студенти, новинари, членови на граѓанскиот сектор, активисти или ентузијасти.
Ова е последната од трите обуки во рамки на годинешната програма „Новинарство за новата генерација“ која Фондацијата Метаморфозис ја спроведува во партнерство со Меѓународниот центар за новинари (ICFJ) а со поддршка од Амбасадата на САД во Северна Македонија.
Најдобрите шестмина учесници од трите работилници ќе имаат можност за едномесечно платено практикантство во еден од медиумите на Фондацијата Метаморфозис, односно Мета.мк, Порталб или Вистиномер.
Дополнително, тројцата најдобри практиканти ќе заминат на една неделна студиска посета на Вашингтон, САД.

Обучувачи на работилницата беа Селест Сепеси од САД, доцент на Факултетот за новинарство и масовни комуникации Волтер Кронкајт, Владимир Петрески, уредник на „Вистиномер“ и Деспина Ковачевска, медиа мониторинг специјалист во Фондација Метаморфозис.

Настанот е дел од проектот „Новинарство за новата генерација“ кој Фондацијата Метаморфозис го спроведува во партнерство со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ), а со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, во периодот од септември 2023 година до јули 2024.

Сподели: