„Не треба да се стремиме кон безбедноста на сајбер просторот туку кон безбедноста во сајбер просторот.”

Поглавје 5 од публикацијата “Онлајн активност, штета во живо: Студии на случај за родот и сајбер безбедноста во Северна Македонија и Западен Балкан” имено Подемот на омраза на интернет: Говорот на омраза во сајбер просторот насочен кон жените во Северна Македонија, се заснова на истражување спроведено во Северна Македонија, чија цел е да се идентификува родовата компонента на пријавени случаи на онлајн говор на омраза и да се истражат разликите во третманот на овие случаи од страна на властите во Северна Македонија.

Oвој инфографик е изготвен во рамки проектот „Добро владеење во сајбер безбедноста во Западен Балкан“ имплементиран од DCAF – Женевски центар за управување со безбедносниот сектор и финансиран од Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој на Владата на Обединетото Кралство. Содржината на оваа анимација е единствена одговорност на Фондација Метаморфозис и на ниеден начин не ги одразува ставовите на DCAF и на донаторот.

Сподели: